Да и’ дадеме поддршка на Марија Спасовска на Интернационалниот фестивал за филмска музика Тралала во Охрид на 16.08.19 од 20.00, Локација – Долни Сарај.
Марија Спасовска овојпат ќе ги брани боите на својата земја во Охрид, а ќе се натпреварува во силна конкуренција како најмлада на фестивалот за филмска музика на кој ќе учествуваат 28 кандидати од 21 земја учеснички од Русија, Украина, Словенија, Италија, Арменија, Малта…. Марија Спасовска ќе настапи со композицијата Reflection од Mulan, а се надеваме дека повторно ќе ги освои срцата на публиката.
Инаку целиот Интернационален фестивал се одржува во Охрид и Битола. Марија покрај настапот за филмска музика ќе има можност да се натпреварува на фестивалот во конкуренција од над 100 учесника со уште два настапа. Таа овојпат ќе ја испее својата композиција „Дома“ на мајчин јазик и во категоријата за композиција на странски јазик ќе ја испее „Where have you been“ од Rihanna.
Се надеваме дека ќе добие високи поени од интернационалната жири комисија, па ќе ја видиме и на големиот Гала концерт во Битола на 17.08.19 сабота.