Категории

Машки „глупави фори“ на кои паѓаат и најпаметните девојки

Тешко е да поверуваме дека овие фори се кажуваат случајно туку со намера да добијат се што ќе посакаат без многу труд. Овие се најкористените фори на кои „паѓа секоја жена.

Не сум подготвен за врска, но може да се забавуваме

Многу жени паѓаат на ова, со надеж дека ќе дојде тој ден кога тој ќе стане подготвен за врска.

Не сакам секс од тебе, само сакам да разговараме

Класична машка фора која секогаш завршува со секс. Доволно е само да се каже дека не станува збор за секс и жената веднаш паѓа и мисли дека се работи за прекрасно момче.

Би ги измил садовите, но ти тоа подобро го правиш

Не пали секогаш, но првите неколку пати ќе му успее.

Имам многу работа, но ќе ти се јавам наскоро

Најверојатно не сака да се гледа со вас, но купува време.

Никогаш не сум запознал девојка како тебе

Ова веројатно го кажува на секоја девојка што ќе ја запознае, но секоја ќе се почувствува толку посебно што е подготвена на се.

Извор: Локално.мк

Прегледи:
2322
Ознаки:
· · · ·
Објавено на:
04.10.2017