Категории

Маск рече дека можеби ќе треба да се оперира пред борбата со Закерберг

По неодамнешната најава дека борбата меѓу Маск и Закерберг ќе се емитува во живо, Илон Маск најави дека можеби пред тоа ќе треба да се оперира.

Маск најави дека ќе прави магнетна резонанца на вратот и горниот дел од грбот и рече дека повеќе за ова би знаел следната недела.

Ова би можело малку да ја одложи борбата меѓу двајцата ривали.

Прегледи:
244
Објавено на:
08.08.2023