Категории

Маст од мед и сенф помага при болки во зглобовите

Реума, артритис, преоптоварување се само некои од причините зошто доживуваме непријатни болки во зглобовите. Подгответе домашна маст од само неколку состојки и очекувајте подобрување по првата примена…

Состојки:

Мед, сенф (најдобро е лут), сол и сода. Само по 1 лажица од сите.

 

Подготовка:

Промешајте сè убаво заедно додека смесата не стане хомогена и ставете во празна, измиена кутија за крем.

 

Примена:

Болно место добро да се намачка со оваа маст и да се направи облог, т.е да се стави најлон кеса и да се врзува со топло, најдобро со волнен шал. Така, нека отстои 1,5-2 часа. Постапката најдобро да се направи пред спиење, така што откако ќе се отстрани облогата, болниот зглоб да остане во мирна состојба. Наутро измијте го убаво местото.

 

Не ограничувајте се на еден третман, повторете го 4-5 последователни дена. Ефектот ќе го почувствувате по првата постапка. Потоа повторете по потреба. Маста ќе биде доволна за неколку дена. Чувајте ја во фрижидер.

Прегледи:
1615
Објавено на:
06.11.2019