Категории

Мажи, не правете ги овие 4 работи кои ги излудуваат жените!

Никој од мажот во врска не очекува совршенство, но постојат одредени нешта кои припадниците на посилниот пол секогаш ги прават, а дамите би сакале да престанат да ги прават – и тоа веднаш.

Гледате телевизија или во мобилниот во текот на важен разговор

Можеби не ви се чини така, но не би било лошо сепак да обрнете внимание на она што го вели вашата партнерка. Во спротивно, ќе смета дека немате ни малку почитување кон неа.

Претерувате со љубомора

Љубомората е понекогаш добра, природна и може да и ласка на девојката. Но агресивноста предизвикана од љубомора дефинитивно не и се допаѓа. Запомнете го тоа.

Не и давате комплименти кога е очигледно дека сака да ги слушне

Иако ова може да биде иритантно, понекогаш секому му е потребен комплимент.

Се правите важни пред пријателите

Ако планирате кон неа да бидете злобни пред друштвото, вашите пријатели нема да ја почитуваат, а прашање на време е кога ќе ве остави поради тоа.

Прегледи:
498
Објавено на:
11.02.2019