Целата нација не го крие воодушевувањето! Имено, од моментот кога Меган Маркел се преселила во Лондон, кралското семејство значително се променило и соединило.
Членовите на семејството многу почесто покажуваат чувства и со задоволство поминуваат време заедно, а за тоа, како што се наведува, е „виновна“ убавата војвотка од Сасекс. Тоа особено се гледа во односот на Хари и Чарлс. Специфичниот момент кога Меган, поради свои семејни проблеми, побара од Чарлс да ја испрати до олтарот, ќе се памети како пресврт во односот на Чарлс и неговиот син Хари.
Особено фин кон својот татко бил Хари на неовиот 70. роденден изминатата недела во градината на Бакингемската палата, кога му одржал и свечен говор.
„Тато, знам дека замоли да не бидеш во центар на внимание, но мораш да ми простиш што не те слушам. Баш онака како што правев и претходно. Затоа ги замолив сите присутни да ти се заблагодарат за твојот долгогодишен труд, во кој е вложена макотрпна работа и љубов“, изјавил принцот.
Наводно, токму Меган е заслужна и за тој момент! Откако го запознала Чарлс, секогаш нагласувала како е магепсана од него и колку е шармантен и скромен. Ништо помалку не е воодушевен и Чрлс со својата нова снаа, кој на своите пријатели им кажал дека Меган го прави среќен неговиот син и дека е многу задоволен што таа сега е дел од нивното семејство.