Категории

Меки переци со прелив од сирење се секогаш добра идеја! (РЕЦЕПТ)

Од сите кулинарски вештини најтешко е да се совлада онаа која вклучува брашно, вода и квасец. Кога треба да се замеси тесто за леб, пециво или колачи поголемиот дел од луѓето ги фаќа паника дали ќе успеат. Започнете со овој детално објаснет рецепт за меки переци кои ќе ви осигураат доволно пофалби.

Состојки за околу 20 мали переци:

180 гр топла вода

¾ пакување сув квасец

300 гр брашно

30 гр путер

1 лажица стопен шеќер

1 лажица сол

Малку масло

20 гр сода бикарбона

1 јајце

Крупна сол

За преливот од сирење:

20 гр путер

20 гр брашно

150 мл млеко

50 до 100 гр тврдо сирење по желба

Подготовка:

Во сад додадете вода, шеќер и квасец. По 5 минути кога ќе се активира квасецот, додадете брашно, сол и путер. Матете споро 2 минути, а потоа брзо 5 минути. Тестото може да го замесите со рака, секако, но тогаш месете околу 10 до 12 минути. Тестото треба да биде меко, а не лепливо. Оставете го тестото да се надигне еден час.

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во мал лонец додадете околу 400 до 500 мл вода и сода бикарбона и пуштете да почне да врие. Потоа тестото поделете го  на од прилика 20 мали делови. Дел по дел вајајте го како мала колбасица и направете чвор. Малите чворови од тесто наместете ги на лим со со хартија за печење. Откако сте ги направиле малите переци, варете ги во вода со сода 30 секунди и вратете ги на плехот. Премачкајте со изматеното јајце и ставите малку крупна сол. Печете 12 до 15 минути.

Прелив од сирење:

Во лонец растопете го путерот и додадете брашно. Откако ќе се загрее полека додавајте млеко и мешајте без престан. Во бешамелот потоа додадете сирење, зачини и сол по желба. Послужете го додека е топло заедно со меките переци.

Прегледи:
581
Објавено на:
24.01.2022