Категории

Меланија Трамп ги отвори вратите на раскошно декорираната Бела куќа – Оваа година темата е „Убавината на Америка“

Последниот Божиќ на претседателскиот пар Трамп во Белата куќа ќе биде вистински величенствен а за тоа се погрижи Меланија Трамп која оваа година избра темата да биде „Убавината на Америка“.


Пред неколку дена, Првата дама Меланија Трамп го пречека божиќното дрво пред Белата куќа. А сега пред само некој месец од официјалното заминување таа ги отвори вратите на раскошно декорираната претседателска резиденција.

Првиот впечаток е секако – неверојатен раскош како и секогаш, Меланија се обидува да се надмине себеси од претходната година. Темата на овогодинешните декорации е “America The Beautiful” и ги слави сиде чуда на оваа земја. Како оние кои ги создала природата така и тековните творби на човештвото.

На елката можат да се видат милион ламбички и украси како и макети од автомобили од фирмите Jeep, Mustang и други типично амерички брендови.
Во една од просториите се наоѓа и железница. Возот е наречен White House Express и на него е испишан насловот на овогодинешната тема.

Меланија ги декорираше сите главни простории помеѓу кои East room, Cross Hall, Red Room како и централната The Grand Foyer.

Десетина елки и илјадници ламбички и украси ќе ја збогатуваат Белата куќа во наредниот период. А ако се оди по планот, Меланија и Доналд Трамп ќе ја напуштат Белата куќа на 7 јануари, отстапувајќи им ја на новиот претседателски пар – Џо и Џил Бајден.

Погледнете како изгледа празничниот раскош.

Прегледи:
619
Објавено на:
02.12.2020