Категории

Меланија Трамп со својот стајлинг и оддаде почит на Принцезата Дајана

Се чини дека првата дама на САД и оддаде почит на Принцезата Дајана со изборот на облека за денешниот ручек со Кралицата Елизабета во Бакингемската палата. 

Безвременскиот стајлинг на омилената Лејди Ди не може да се надмине, а Меланија одбирајќи елегантен комплет во нејзината омилена комбинација на бои, бела и морнарско сина, потсетуваше на елеганцијата на покојната принцеза.

Фустанот е на Dolce & Gabbana, беспрекорен крој со сина крагна, а стајлингот го надополни со шапка на Hervé Pierre и Manolo Blahnik чевли.