Категории

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП (АВГУСТ, 2018)

Лав

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Лав

Кариера и пари:

После многу години, Јупитер повторно ќе ве посети и тоа на 16-ти август 2018, сѐ до 11-ти август 2019. Престојот на Јупитер во вашиот знак значи дека ова ќе ви биде најсреќниот месец во годината од професионален аспект. Искористете го со тоа што ќе побарате работа на повисока функција.

Здравје:

Ќе бидете во одлична здравствена состојба овој месец. Ќе бидете многу активни и во добро расположение, што значи, нема причина за загриженост кога станува збор за вашето здравје.

Љубов:

Јупитер влезе во вашиот знак, каде ќе остане сѐ до август наредната година. Во текот на престојот на Јупитер, ќе забележите поголем оптимизам, ентузијазам и желба за сексуална авантура. Вашиот среќен љубовен период ќе започне на 12-ти август, кога Венера ќе премине во вашиот знак со што ќе ви донесе сензуалност и среќа во љубовта. Многу е веројатно овој период да запознаете некоја личност со која понатаму ќе сакате да го поминете остатокот од вашиот живот.

Совет: Понекогаш, помалку е повеќе.

Девица

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Девица

Кариера и пари:

Просфесионално, првите две недели од август ќе ви бидат помалку активни, со што тој период можете да го искористите за одмор и релаксација. Веќе вторите две недели од август ќе ви бидат поактивни и подинамичи. Тогаш ве очекуваат многу нови дипломатски контакти во кои можете да увидите шанса за понатамошен успех. Финансиски, август може да ви донесе непредвидени трошоци.

Здравје:

Ова е месец во кој најважно ќе биде да се одморате. Овој месец ќе ви биде карактеристичен по намалувањето на вашата енергија. Затоа, медитирајте, читајте книги вежбајте, бидејќи на тој начин ќе можете да си ја вратите енергијата.

Љубов:

Август ви носи социјализација, вклучување во некоја организација каде ќе запознаете многу нови интересни личности, кампување и многу други интересни активности. Венера, планетата на љубовта, која е водичот на вашата куќа на парови, ќе биде во деликатна позиција, со што, можно е љубовно разочарување. Оние кои се во врска треба посебно да внимаваат, бидејќи многу лесно можат да го загубат партнерот.

Совет: Бидете внимателни додека патувате!

Вага

Вага

Кариера и пари:

Август ќе биде одличен период за докажување на вашите таленти и способности. Исто така, ќе имате можност да учествувате во многу тимски проекти, а во некои од нив може да бидете лидер или координатор. Тоа ќе ви биде главната шанса да се докажете. Време е да почнете да ги штедите вашите пари, никогаш не знаете за што ќе ви затребаат.

Здравје:

Ќе бидете во многу добра состојба, и физички и психички. Ќе имате многу енергија и че зрачите со позитивно расположение.

Љубов:

За првиот дел од август, Венера ви препорачува да направите баланс помеѓу работата и приватниот живот. Можно е да почнете да флертувате со некој ваш колега од работа, иако знаете дека тоа е погрешно. Вториот дел од месецот ќе ви донесе многу социјални настани, каде ќе запознаете некој кој ќе успее да ви остане во мислите. Оние кои се во сериозна врска или брак, ќе бидат преокупирани со финансиските проблеми.

Совет: Создадете нови пријатели.

Шкорпија

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Шкорпија

Кариера и пари:

Koнечно работите ќе се помрднат од мртва точка. Марс, вашиот водач, конечно ќе излезе од лошата позиција, каде беше последниве неколку месеци. Исто така, овој месец во вашата куќа на кариерата ќе бидат Јупитер, Сонцето, Меркур и Венера, што значи дека ве очекува престиж, интелигенција, комуникација, популарност и многу шанси за успех. А онаму кајшто е успехот, таму се и парите!

Здравје:

Иако овој месец ви ветува сентиментални и професионални задоволства, вие константно ќе бидете загрижени за вашето здравје. Бидете внимателни и намалете со агресивноста.

Љубов:

Во вашата куќа на љубовта, овојпат ќе биде планетата Нептун, која ќе ви ги подобри односите во вашата врска. Од друга страна, Венера, водичот на вашата куќа на парови, ќе ве предупреди дека во првите денови од август може да доживеете неочекувани компијации во врската. Оние кои не се во врска, на своето летување ќе запознаат личност со која ќе делат исти интереси и мислења.

Совет: Обидете се повеќе да се релаксирате.

 

1 2 3

Прегледи:
1119
Објавено на:
31.07.2018