Категории

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП (ФЕВРУАРИ 2019)

Овен (21.03.­21.04.)

Работа:Финансиската состојба може да се подобри ако започнете нов проект со помош на искусна Вага или Јарец. На почетокот на месецот, успех можат да доживеат уметниците, научниците, психолозите и лекарите.

Љубов:Исклучително интересно време за љубовниот живот, особено ако сте романтични и сакате комплицирани врски. Слободните Овнови ќе имаат средба со нови луѓе, која што може да премине во комплицирана врска, особено ако станува збор за колеги од работа. Средината на февруари носи хармонични односи со Шкорпии, Близнаци, Јарци.

Здравје:Бидете внимателни во сообраќајот.

Бик (21.04.­21.05)

Работа:Деловните односи со оние кои живеат во странство ќе бидат од големо значење. Во спроведувањето на вашите планови може да ве спречи Шкорпија или Јарец.

Љубов:Не треба да се оптеретувате со небити работи и критики, а во последно време ви е битно каков впечаток оставате во јавноста. Оние кои се емотивно поврзани со земјени знаци, особено со Јарци или Бикови можат да бидат смирени за нивната врска, бидејќи е стабилна.

Здравје:Можни вртоглавици.

Близнаци (22.05.­21.06.)

Работа: Од 01.02 до 10.02 ќе бидете под стрес, но не и помалку амбициозни. Неочекувана помош од Шкорпија или Јарец може многу да ви значи.

Љубов:Младите и амбициозни Близнаци кои сакаат да стапат во брак ќе бидат во можност да го сторат тоа. Целиот период е напорен за оние кои немаат многу трпение. Февруари може да донесе проблеми на оние кои се незадоволни со партнерот. Започнувањето флерт или паралелна врска, нема да биде мудар потег.

Здравје:Повреда на глуждот.

Рак (22.06.­22.07.)

Работа:Многумина ќе се одлучат да заминат во странство. На 6.02 бидете внимателни да не направите грешка, особено ако планирате да потпишувате документи, договори

Љубов: Вербата во љубовта е разнишана, особено ако минатата година сте доживеале разочарување. Се обидувате никој да не забележи како се чувствувате. Работите се прилично деморализирани, поради однесувањето на некој кој се занимава со уметност или често патува. Подготвени сте да влезете во врска со некој што не е слободен.

Здравје:Настинка.

 

1 2 3

Прегледи:
1698
Објавено на:
31.01.2019