Категории

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП (ФЕВРУАРИ 2019)

Лав (23.07.­23.08.)

Работа:Во овој период Близнаците можат да имаат големо влијание врз вас, и веројатно ќе ве мотивираат во вашите амбиции. Бидете внимателни со парите.

Љубов:Некоја Вага ќе биде упорна да ве освои, а можеби и ќе успее. Неодлучни сте и не сакате да се соочите со проблемите поврзани со партнерот. Од 8.02. ќе бидете подготвени да обновите „невозможна„ врска со бившиот партнер.

Здравје:Болки во грло.

Девица (23.08.­22.09.)

Работа:Финансиската состојба ќе ви биде лоша. Највероватно ќе прифатите проект што ќе ви го понудат Рибите, Јарците или Шкорпиите.

Љубов: Ова може да биде многу романтичен период во кој ќе обрнувате внимание некому кој ви бил несимпатичен. Ќе добиете покана да се видите со атрактивна и популарна личност и таа покана ќе ја прифатите. Пазете се од тајните врски.

Здравје:Внимавајте на повреди.

Вага (23.09.­23.10.)

Работа:Од 05.02. уметниците и спортистите ќе бидат во центарот на вниманието. Вашиот професионализам ќе биде на голем тест. Бидете внимателни со Близнаци, Девици и Риби.

Љубов:Што помалку очекувате од партнерот или од себе, животот ќе ви биде полесен. Опции се пред вас, ќе имате можности да флертувате или да запознавате нови луѓе. Почетокот на месецот може да биде стресен.

 Здравје:Болки во желудникот.

Шкорпија (23.10.­22.11.) 

Работа: Ова е тежок период за вас. Ќе имате многу незавршена работа. Ќе добиете понуда за работа во богата компанија во која ќе напредувате многу брзо.

Љубов:Иако ова не е идеален период за вас, почетокот на февруари носи нови познанства, романтични состаноци. Можни се романтични врски со Девици, Риби или Бикови. Ќе бидете еден од најпопуларните знакови, особено ако сте познавач на уметноста или се среќавате со уметници.

Здравје:Внимавајте на сообраќајот

 

1 2 3

Прегледи:
1698
Објавено на:
31.01.2019