Категории

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП (ФЕВРУАРИ 2019)

Стрелец (22.11.­21.12.)

Работа:Речиси се оди лесно во вашите раце, но ако работите во приватна компанија потребна е поголема иницијатива и издржливост. Оние кои имаат било какви неплатени сметки, треба итно да ги регулираат.

Љубов:Ако сте слободни, веројатно ќе успеете да освоите некој што го сакате долго време. Близанците, Биковите или Девиците ви ја загрозуваат слободата, што нема да ви одговара. Средовечните Стрелци ќе се однесуваат како адолесценти, што нема да им одговара на партнерите. Обидете се да избегнете тајни врски.

Здравје:Внимавајте на повреди.

Јарец (22.12.­20.01.)

Работа:Активни сте и подготвени да започнете нова работа. Ќе бидете отворени за секаков вид на соработка. Финансиската состојба ќе ви биде солидна.

Љубов:Почетокот на периодот ви носи можност да започнете врска со Бик или Вага. Риба, Овен или Шкорпија можат да покажат голем интерес за вас. Тешко ќе ги контролирате вашите емоции, особено за личноста која често патува. Можна е страсна љубовна врска со Лав, Девица или Шкорпија.

Здравје:Внимавајте на нозете.

Водолија (20.01.­19.02.)

Работа:Риба, Овен или Стрелец ќе ви помогнат и можеби треба да го прифатите нивниот совет, дури и ако не се сложувате. Од 10.02. имате можност за работа во странство

 Љубов: До 2.02 ќе бидете фокусирани само на себе, на задоволствата и проблемите.
Можен е таен флерт со Лав. Во текот на целиот период, вашата главна опсесија ќе
биде потребата за лична слобода, без постојаниот партнер да осети кои се вашите
вистински потреби. Бидете внимателни.

Здравје:Пазете се од остри предмети

Риби (20.02.­20.03.)

Работа:Подгответе се за обемна работа која ќе ве исцрпи. Можна е понуда од странство, од германското говорно подрачје или од Блискиот исток.

Љубов:Од 2.02 ќе имате потреба од романтични чувства, интимност и љубов. Се обидувате да им оставите добар впечаток на оние со кои доаѓате во контакт секојдневно. Лав и Водолија сакаат да ви се мешаат во животот, но дури и во случај на добри намери, вашите проблеми решавајте ги сами.

Здравје:Повеќе одмор

1 2 3

Прегледи:
1698
Објавено на:
31.01.2019