Категории

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП (МАЈ 2018)

Лав

Лав

Кариера и пари: Овој месец ќе имате големи амбиции и ќе чувствувате потреба за успех. Финансиски, мај е доста оптимистичен. Планетата Меркур ќе биде во одлична позиција, па шансите за добра заработка ќе ви бидат загарантирани. Ќе бидете посебно успешни во тимската работа.

Здравје: Мај може да ви донесе мали проблеми со здравјето, затоа внимавајте на вашата исхрана и пијте повеќе течности. Не вложувајте премногу напор и избегнувајте ги работите кои ви предизвикуваат стрес.

Љубов: Оние коие се во врска може да почувствуваат дистанцирање од партнерот, но тоа ќе трае само краток период од месецот. Од друга страна, оние кои не се во врска ги очекуваат многу пријатни изненадувања, па кој знае можеби и неочекувано ќе влезат во врска.

Совет:Бидете внимателни додека патувате.

Девица

Девица

Kaриера и пари: Меркур, водачот на девица, овој месец ќе биде лоциран во куќата на кариерата. Тоа ќе ви донесе дополнителна амбиција и желба за истакнување. Тоа во секој случај е добро за вашата финансиска состојба.

Здравје: Избегнувајте го кревањето на тешки предмети и работите кои ве изложуваат на стрес. Внимавајте на сезонските настинки.

Љубов: Овој месец, планетата Јупитер ќе се погрижи за вашите романтични моменти, а и во дадени ситуации ќе ви даде храброст да го направите првиот чекор. Не двоумете се многу, прифаќајте ги понудите за состанок од личностите кои ви се допааѓаат.

Совет:Соочете се со проблемите.

Вага

Вага

Кариера и пари: Maj ветува креативно исполнување од професионален аспект. Ќе имате оригинални и иновативни идеи со кои ќе ги промовирате вашите замисли. Последната недела од мај ќе ви биде најперспективна и со најмногу успеси.

Здравје: Во првите две недели од мај, внимавајте на настинките кои демнат. Во последната недела очекувајте виталноста да ви се врати, бидејќи планетата Марс – планетата на енергијата, ќе биде лоцирана во вага.

Љубов: Добри вести! На 3ти мај Венера ќе влезе во вага и во куќата на паровите, и ќе остане сѐ до 29ти. Доколку не сте во врска, ова е дефинитивно најдобриот период да ви се насмевне среќата, а доколку сте во врска, веројатно ќе имате пријатен однос со партнерот. Но, внимавајте, кон крајот на месецот можат да се случат работи за кои не очекувате.

Совет: Избегнувајте да донесувате важни одлуки во првите две недели од мај.

Шкорпија

Шкорпија

Kaриера и пари: Фокусирајте се на соработката со вашите колеги. Овој месец тимската работа ќе ви биде од големо значење. Одете на што повеќе важни настани од професионален аспект, на кои ќе запознаете личности кои ќе ви помогнат во кариерата. Што се однесува на финансиската состојба, овој месец нема да ви недостига ништо.

Здравје: Треба да му обрнете големо влијание на здравјето. Сезонските настинки сѐ уште не престанале. Затоа, направете сѐ што можете за да се заштитите и секако внесувајте поздрава храна.

Љубов: Овој месец ќе биде од голема важност за врските на шкорпиите: Сонцето ќе помине низ куќата на паровите на шкорпија, што значи дека ќе ја зголеми потребата да бидете со некој. Во овој период ќе ја имате способноста да го разберете вашиот партнер, повеќе од обично. Доколку не сте во врска, ќе имате можност да запизнаете некоја личниост во околината во која работите

Совет: Социјализирајте се, споделувајте впечатоци, правете работи со другите луѓе!

Продолжува на страна:  3

1 2 3

Прегледи:
1611
Објавено на:
30.04.2018