Категории

Месецот на виното и љубовта: Со што се асоцира најкраткиот месец во годината?

Февруари е вториот месец во годината, а воедно и најкраткиот. Обично се состои од 28 дена, а оваа година е престапна и месецот има плус уште еден ден, односно 29 дена.

Името февруари потекнува од латинскиот збор „februum“ што значи прочистување.

Во антички Рим, овој месец бил поврзан со ритуали на прочистување и чистење.

Февруари е најпознат во светот по неговиот 14-ти ден, односно денот на вљубените или св. Валентајн.

Во Македонија покрај св.Валентајн се слави и св.Трифун како ден на виното и лозјето.

На секои четири години кон овој месец се додава уште еден ден за да се синхронизира календарската година со астрономската година, поради фактот што орбитата на Земјата околу Сонцето трае 365,25 дена.