Категории

Места како од бајките кои вредат да се посетат оваа зима

Доколку планирате патување оваа зима постојат светски дестинации кои не треба да ги пропуштите!

Погледнете ја нашата галерија и откријте кои места се како од бајките во текот на зимата и кои ќе ве маѓепсаат со својата убавина.

Бледско езеро, Словенија

Бледското езеро се наоѓа помеѓу планини кои се покриени со многу снег. Водата во езерото замрзнува само во многу студени зими – па пејзажот е двојно необичен. Среде езерото се наоѓа мал остров со шармантна црква, а ако погледнете од другата страна, на високата карпа можете да го видите стариот средновековен замок. Гледајќи ја оваа замрзната слика, ќе  ви се причини дека сте некаде на работ на светот, многу далеку од цивилизацијата. Но, всушност, езерото е оддалечено само десет километри од главниот град на Словенија, Љубљана. Животот на Бледското езеро е во полн ек: во зима можете да се возите со санки, можете да користите скии или лизгалки.

 

Шпанија, Барселона

Во Барселона нема мраз и снег дури и во зима. Но, има многу сонце што ја осветлува Божиќната чаршија Санта Лусија. Традицијата за продажба на божиќни украси, садови, џемпери, сувенири и слатки датира уште од 18 век. Идеална е за оние кои сакаат атмосферски купувања.

 

Чешка, Прага

Прага во зима е град на медењаци. Улиците се ефектно украсени и искапени во снег, а во воздухот се чувствува мирис на зачинето греено вино.

 

Швајцарија, Гринделвалд

Во склоп со празникот, целиот Гринделвалд е украсен со скулптури од мраз, кои можете да ги сликате бесплатно.

 

Финска, Лапонија

 

 

Снежни лизгалки, колиби, елени … Следбениците на Инстаграм ќе ви завидуваат кога ќе ги видат сликите од вашиот одмор.

Прегледи:
626
Ознаки:
· ·
Објавено на:
30.12.2019