Категории

Meta создава паметни наочари!

Американската компанија Meta под чиешто водство се Instagram, Facebook, Threads и WhatsApp, создава наочари на високо ниво.

Извршниот директор, Марк Закерберг најави дека истите ќе бидат лансирани на 17 октомври, а тие се повеќе од паметни наочари.

Имено, во нив е вградена вештачка интелигенција така што кога ќе ги ставите и на пример ќе се најдете пред некоја непозната зграда или знаменитост, наочарите ќе бидат во можност да ви пренесат информации моментално и визуелно.

Исто така, доколку на пример вашата чешма за вода е расипана, вие само ги ставате наочарите, прашувате што е проблемот, а тие чекор по чекор ќе ви објаснат што да направите со тоа што вашите раце ќе бидат слободни за работа.

Уште една напредна функција е тоа што со истите ќе можете да снимате во живо.

Навистина импресивно нели?