Категории

“Microsoft” го купува “LinkedIn” за 23 милијарди евра

Според пишувањето на познатиот портал за технологија “The Verge”, “Microsoft” планира да ја купи друштвената мрежа “LinkedIn” за неверојатни 26,2 милијарди долари.

Најпопуларната социјална мрежа за бизнис “LinkedIn” според понудата на “Microsoft” од 23,2 милијарди евра, вреди 196 долари или 174 евра по акција, пренесува “The Verge”.

“Microsoft” тврди дека “LinkedIn” ќе го задржи својот бренд, независност и моменталниот директор, Џеф Вајнер, кој ќе стане подреден на директорот на “Microsoft”, Сатја Надела.

Според веб сајтот “Mashable”, купувањето е веќе договорено. За американската компанија ова е едно од најголемите купувања.

Да се потсетиме, “Nokia” е купена за 7,6 милијарди евра, а “Skype” е купен за 8,5 милијарди евра.

Прегледи:
393
Објавено на:
13.06.2016