Категории

Мигот кога Јосип Броз Тито запали цигара во Белата куќа

Јосип Броз бил пречекан со најголеми почести за некој странски државник а снимката од него и Јованка како срдечно разговараат со Никсон и неговата сопруга и ден денес е тема на разговор ширум светот.

Од 26 октомври до 2 ноември 1971 година, Тито бил во посета на САД и во таа прилика настанала една од најголемите приказни која сега стана легенда.

Претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито во текот на својот живот престојувал во посета на речиси сите највлијателни луѓе во тогашниот свет, а истовремено и сите светски моќници доаѓале во Југославија.

Во 1970 година, во СФРЈ дошол и претседателот на Америка, Ричард Николсон. Ова била историска посета затоа што Николсон бил првиот амерички претседател кој ја посетил Југославија.

Неколку месеци подоцна, Тито му ја возвратил посетата. Броз бил дочекан со најголеми почести предвидени за некој странски државник, а снимките од него и Јованка како срдечно разговаат со Николсон и неговата сопруга го заобиколија светот.

Сепак во врска со оваа посета постои и една анегдота за која после враќањето на Тито во Југославија, често се раскажувала.

Во текот на состанокот со Никсон, во собата полна со новинари и фоторепортери, Тито запалил томпус. Потегот бил провокативен барем од две причини.
Првата била таа што во Белата куќа пушењето било строго забрането уште од 1946 година. Втората била таа што состанокот се одвивал на врвот на нетрпеливоста помеѓу Америка и Куба, томпусот за кој било познато дека лично го снабдувал Фидел Кастро.

Никсон морал да реагира.

„Господине претседателе, ние овде во Белата куќа не пушиме“ – му рекол американскиот претседател на Тито.

„Блазеси ви!“ – едноставно одговорил лидерот на Југославија смешкајќи се и понатаму пафкајќи од својот томпус.

После непријатната тишина која траела неколку мигови, Никсон до крајот на состанокот повеќе не ја споменал оваа забрана.
Никој досега не ја потврдил нити демантирал вистинитоста на оваа приказна која во меѓувреме стана легенда.

Прегледи:
1622
Објавено на:
31.10.2020