Категории

Михаил Лабковски: Секоја остварена жена ги поседува овие 5 карактеристики!

Дали се согласувате

  1. Таа е независна во секоја смисла на зборот

Овие девојки обично уште од рана возраст размислуваат како и каде ќе заработат за живот. Тие одлучуваат да го напуштат родителскиот дом уште многу рано, не се плашат да заминат во друг град или земја за да учат, да се развиваат и да растат.

Таквите девојки до својата 25-годишна возраст веќе имаат јасен план за својата кариера, веќе имаат значајно работно искуство и направиле нешто во животот. Нивните постапки не запираат само со планирање и објаснување зошто нешто не им оди од рака – тие работат на својата иднина!

 

  1. Уште од млада возраст има научено да се потпира само на себе

Таа не смета дека било кој и должи нешто или дека и е загарантиран прекрасен живот. Таа се потпира на своите сопствените напори, можности и способности.

 

  1. Таа не бара помош

Можеби и ќе ја побара, но тоа значи дека пробала веќе сè: ја анализирала ситуацијата, неколкупати се обидела да најде решение самостојно и кога конечно ќе се увери дека не е во состојба сама да го реши проблемот, дури тогаш одлучува да побара некој за да и помогне.

Интересно е што оваа особина обично се манифестира уште од училиште. Девојчето, соочено со нерешлива математичка задача, цел ден седи над книгата и дури во вечерните часови бара помош од нејзината мајка или татко. Не толку успешните жени се однесуваат поинаку: на првата потешкотија, тие плачат и молат некој друг да им го реши проблемот.

 

  1. Таа не прави компромиси

Тие не се плашат дека нема да успеат, дека сами нема да излезат на крај со нешто и не им потребно одобрување од другите. Овие девојки се откажуваат од активности кои што не ги исполнуваат, во своите тинејџерски години сами одлучуваат што ќе бидат кога ќе пораснат и во кое училиште да се запишат, овие студентки не купуваат семинарски трудови, затоа што се заинтересирани за насоката што ја одбрале. Тие не се гледаат со момци кои што не ги почитуваат.

 

  1. Таа никогаш не се споредува со никој

Таа не се мери со своите пријателки, роднини или колеги според нејзините достигнувања, финансии или социјален статус. Таа е многу свесна дека секогаш ќе има некои помлади, позгодни, побогати, поуспешни, погламурозни. Таа се споредува само со себе, со таа од вчера или од лани и ги оценува само своите достигнувања во тој период.

Прегледи:
596
Објавено на:
14.01.2020