Категории

Микро Хорио – Прекрасно мало грчко село на кое му недостасува живот

Се почесто од далечниот свет стигнуваат информации за напуштени села со по некое семејство и еден локален бар и продавница. Неретко таквите места ги краси интересна историја, легенда или обичај.

Едно такво село се наоѓа во Грција. Месечината е единствената светлина на улиците на Микро Хорио, древна престолнина на грчкиот остров Тилос. Како и многу други напуштени грчки села и овде животот се враќа само поради туристите.

Кога ќе падне ноќ, ова во превод „мало село“ живнува, затоа што неколку луѓе пијат коктели во своевидна комбинација на бар и музеј во подножјето на рушевините.

„Се обидуваме да му вдахнеме живот“ – вели сопственикот на локалниот бар Јоргос Алиферис.

Тој своите гости до селото веќе со години ги превезува од Ливадија, пристаниште во кое сите селани се преселиле после Втората светска војна.

„Немаше нити вода нити струја, па луѓето заминаа таму затоа што им беше подобро“ – вели тој.

Алиферис кој потекнува од Пелопонез открива дека Микро Хорио пред триесеттина години кога стигнал на овој остров бидејќи неговиот брат е лекар, баш тука добил работа.

„Помислив дека е навистина штета што ова село е напуштено и го сонував тој луд сон да го оживеам“. И тој го прави токму тоа така што три месеци во годината, во кои го држи својот бар привлекува посетители од сите страни.

„Меѓу нас има и потомци на семејствата кои некогаш живееле тука“

Целиот проект, како што вели, го чинел многу, и финансиски и психолошки и сега поради коронавирусот изгубил и голем дел од своите приходи.

Прегледи:
663
Објавено на:
24.12.2020