Категории

Мистеријата за Темпларите – Откриен таен премин до подземна пештера украсен со милиони школки

(ВИДЕО) Една од најмистериозните пештери во Велика Британија се наоѓа во округот Кент, во селото Маргејт. Шел Грото (пештерата Шел) е откриена во 1835 година, но нејзината цел никогаш не била утврдена.

Некои тврдат дека има религиозно значење и дека е изграден пред повеќе од 3.000 години, додека други мислат дека тоа била комора за ритуали или ложа за витешкиот ред. Пештерата се состои од подземен премин висок 2,4 метри и долг 21 метар, а завршува со правоаголна просторија (олтарна комора), пишува Национална географија.

Речиси сите површини се покриени со мозаик направен исклучиво од школки од локално потекло. Вкупната површина на мозаикот е 190 квадратни метри, тој е украсен со скоро 4,6 милиони школки.