Категории

Младите фудбалери покажаа дека има иднина за македонскиот спорт

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ја оствари својата втора победа во гости, совладувајќи ја репрезентацијата на Шкотска со 1:0 во Единбург.

Одличен на натпреварот беше и младиот голман Алексовски, кој успеа да го заврши натпреварот без примен гол и покрај повредата на ногата.

Со оваа победа Македонија има реални шанси за пласман на Европското првенство за млади кое ќе се одржи идната година во Полска, па младите фудбалери им дадоа надеж на навивачите дека има иднина за македонскиот спорт.

Голот за нашата репрезентација го постигна Маркоски во 21-та минута, после акцијата на Радески, со што домаќините се најдоа во многу незгодна ситуација на домашен терен.

q2

Но, и покрај проблемите во втората половина од натпреварот за нашите момчиња и бројните повреди, сепак тие успеаја да го зачуваат резултатот и да ја постигнат втората победа во гости.

Следно репрезентативците ќе играат на стадионот Филип Втори во Скопје против селекцијата на Северна Ирска, па се надеваме дека во вторник стадионот ќе биде преполн за да ги поддржиме овие млади надежи на македонскиот фудбал.

Прегледи:
497
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
03.09.2016