После САД, Русија, Кина и Индија, Јапонија стана петта држава во светот што ја посетила Месечината.
Имено, после долгите напори, јапонското летало СЛИМ успеа да слета на Месечината.
Статусот на леталото сѐ уште се проверува и затоа сѐ уште нема никакви прослави во врска со настанот.
Сепак, лицата на јапонските научници се исполнија со насмевки бидејќи ова за нив е навистина важен момент којшто ќе се памети.
Тие велат дека знаат дека леталото слетало на Месечината, сега останува да се дознае дали истото слетало на вистинскиот начин како што треба, дали истото е оштетено или не.