Категории

Мозаик јајца: Креативна техника за фарбање јајца што не може да не ви успее!

Не постои поубав тајминг за креативност и фантазија од велигденските празници!

Постојат милион начини и техники за да имате што поубави јајца на трпезата, но оваа е една од нашите омилени.

Станува збор за техниката МОЗАИК, со која јајцата ќе изгледаат неверојатно. А најдобро од се е што е многу лесна и едноставна!

Она што ви е потребно се обични фарби за јајца, изолир лепак во различни бои и секако јајца.

1.Јајцата исфарбајте ги во посветли бои и оставете да се исушат.

2.Најдобро е да ги поставите јајцата на сунѓер за да бидат подеднакво исфарбани.

3.Кога јајцата ќе се исушат, исечете го изолирот на поситни еднакви фигури- триаголници, кругови…

4.Лепете ги на јајцето со оставање малку простор меѓу фигурите.

5.Потоа јајцето исфарбајте го во друга боја по ваша желба и оставете да се исуши.

6.Ви остана уште да ги одлепите траките од изолирот и добивте преубаво МОЗАИК ЈАЈЦЕ!

Ова е брз,едноставен и евтин начин со кој вашите јајца ќе изгледаат неверојатно!

Еве и видео :

Прегледи:
1589
Објавено на:
01.04.2018