Категории

Можеш да постигнеш сѐ што ќе посакаш, само немој да овенеш покрај погрешен маж

Ако веќе работиш по цел ден, нека биде тоа за вистинскиот маж.

Што сѐ постигнува една жена, знае само таа самата, иако честопати не е свесна за својата моќ. Можеш ти жено, да работиш 18 часа дневно, две работи доколку е потребно, да трчаш од едната на другата.

Можеш ти жено, да работиш што сакаш, а не би требало, бидејќи, одредено ти е да бидеш дама, понежен пол, да ги лакираш ноктите, да носиш темен кармин кој ќе ти ги истакне усните, здолништа, фустани и кошули. Не знаат тие, дека ти со тие груби раце, можеш сѐ!

Готвиш ручек, носиш, собираш. Знаеш што фали. Се изморуваш. Но и понатаму даваш. Не стигнуваш, но и понатаму даваш. Ги занемаруваш критиките како не мислиш на себе и немаш свој живот. Ни љубовен. Ти, доколку сакаш можеш да се спакуваш за 20 минути и да отпатуваш во „ветената земја“ за да заработиш за леб.

Можеш ти жено, да го имаш во овој град оној кој ќе го посакаш. Не ти е до тоа. Немаш време. Волја. Нерви. Нема време за тоа во твојот ден кој трае само 24 часа. Не веруваш во меѓучовечките односи. Немаш сила за тоа. Зарем некој да те обвинува дека не си создадена за двајца, за врска, што веќе немаш најдобра другарка и апетит за нешто слично?

Можеш ти жено, да мислиш на сите освен на себе, сѐ додека стомакот не ти каже „помош“!- додека не се фатиш самата себеси дека не знаеш дали си јадела денес, дека не се сеќаваш дали си пиела кафе. Доколку веќе работиш по цел ден, нека биде тоа барем за вистинскиот маж и добра личност. А народот и соседите… ниту те хранат, ниту те облекуваат…

Прегледи:
640
Објавено на:
13.01.2020