Македонската поп пејачка ова лето е во кампања. Од реклами за долна облека и костими за капење на еден познат македонски бренд, преку историскиот натпревар во УЕФА Суперкупот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед на 8-ми август во Скопје, па се до рекламата за светски познатиот бренд на безалкохолни пијалоци, кој е еден од спонзорите на фудбалскиот настан на столетието во македонската метропола!
За кампањите да бидат како што треба, неопходна добра реклама, за која меѓудругото се многу важни и социјалните мрежи! Во меѓувреме меѓу две реклами, русокосата убавица најде време да се потсети и на детството, па постираше фотографија, за прв пат постирана уште пред 6 години. На неа слатко мало девојченце со нејзината мајка. Таа и Татјана Луговаја… во нивната родна Русија! Ако погодивте за кого се работи – секоја чест! Кој не погодил, уште еднаш нека нека се обиде да проба… Слатката мала е Викторија Лоба!
Извор : Вистина.мк