Категории

Мозокот на мајките и бремените жени се подмладува – тврдат научниците

Студијата во Норвешка докажа зошто мозокот на мајките е различен и посебен.

Новопечените мајки, а и трудниците, се жалат на „бебешки мозок “, заборавност или расеаност поради хормоните или несоницата. Но, сега една голема студија спроведена во Норвешка покажа дека мозокот на мајката е всушност „поостар“ отколку порано.

Жените кои родиле имаат мозок кој е „помлад“ од нивната вистинска возраст, и тоа благодарение на естрогенот кој се лачи за време на бременоста.

 

“Кога го посматраме начинот на кој мозокот старее, забележуваме многу важна разлика помеѓу мозокот на жените што родиле и оние што не родиле. На МРИ скенер нивните резултати биле “помлади” шест месеци од нивната вистинска возраст, што значи дека бременоста ги подмладила“, рече д-р Ан-Мари де Ланг од Универзитетот во Осло.

 

Во истражувањето биле опфатени 12.000 средовечни жени, од кои 9.500 имале деца. Научниците ја разгледале масата на нивниот мозок и количината на сиви келии и откриле дека мозокот на мајките биолошки делува помладо како резултат на промените предизвикани од бременоста и одгледувањето на децата.

 

“Жените кои раѓаат деца и децении подоцна ги чувствуваат ефектите од тоа искуство. Хормоните и промените во имунитетот за време на бременоста имаат заштитен ефект врз мозокот”, заклучува д-р Де Ланг.

Прегледи:
391
Објавено на:
19.10.2019