Категории

Mozzart со донација за нашите херои – здравствените работници!

Компанијата Mozzart Bet во рамки на пакетот помош од над 50.000 евра наменети за македонското здравство, започна уште една во низата акции за поддршка и подобрување на условите за работа на нашите херои – здравствените работници кои водат деноноќна борба со вирусот Covid-19.

Во наредниот период оваа компанија ќе обезбеди и организира испорака на свежо овошје за  едицинскиот персонал кој е директно инволвиран во борбата против коронавирусот.

Прва во низата установи на чии здравствени работници е врачено околу 500 килограми свежо  овошје во пакети е Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Вработените од оваа болница работат без одмор, давајќи максимум да помогнат на своите пациенти кои се лекуваат во оваа болница.


„Ваков гест во овие тешки моменти ни е од големо значење, витаминските пакети добро ќе ни дојдат после напорниот ден. Уште  еднаш голема благодарност до компанијата Mozzart која ни овој пат не не одмина кога се работи за нејзините хуманитарни акции. Нивната донација од 15.000 евра во месец март ни беше од огромна помош за справување со коронавирусот.“ – изјавија од
Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
Пандемијата на коронавирусот во нашата држава се уште трае, а први на удар се докторите и здравствените работници. Работејќи без одмор, тие ги лечат заболените од март со ист интензитет.


„Компанијата Mozzart од појавата на вирусот во нашата држава организира општествено одговорни акции, помагајќи го здравствениот систем со донации, а сега дел од пакетот помош за борба против ковид го насочивме директно кон здравствените работници, на кои нашите колеги им доставуваат освежувачки пакети. Се надеваме дека овој знак на внимание ќе ги расположи и
ќе им покаже дека во овие моменти ја имаат целосната поддршка од наша страна.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.


Оваа акција ќе продолжи со реализација и во наредниот период во болниците ширум цела Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот. Компанијата Mozzart досега донираше повеќе од 50.000 евра за борба против пандемијата наменета за болниците, од кои 15.000 евра беа наменети за Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Финансиска помош за набавка на заштитни средства добија и Македонскиот
Полициски Синдикат, пакети со храна беа насочени кон Здружението Спона… Се донираа и голем број на телевизори во повеќе установи низ државата меѓу кои Здравствени установи, Домови за згрижување деца и Домови за нега на стари лица.

Прегледи:
567
Категории:
Хуманост
Објавено на:
27.07.2020