Категории

Мудрости на писателот Оскар Вајлд: „Искуството е име кое секој го дава на своите грешки.“

Суштината на животот објаснета во само неколку реченици

Оскар Вајлд, екцентричниот писател е роден во Даблин на 16 октомври 1854 година. Неговите најпознати дела се „Сликата на Доријан Греј“, „Важно е да се викаш Ернест“, „Саломе“, „Себичен џин“ и многу други.

Освен по ремек делата на книжевноста, останал запамтен и по зборовите кои ги изговарал, а се цитираат и ден денес. Ова се некои од најпознатите:

„Некои луѓе шират радост каде и да одат, додека други шират кога ќе заминат.“

„Сонувач е оној кој го пронаоѓа патот до месечината. Неговата касна е што гледа во зората пред сите други.“

„Кога бев млад, верував дека парите се најважното нешто во животот. Сега кога остарев – го знам тоа.“

„Нема морални и неморални книги. Книгите се напишани добро или лошо. Тоа е се.“

„Искуството е име кое секој го дава на своите грешки.“

„Да живееш е најреткото нешто на светот. Голем дел од луѓето само постојат, тоа е се.“

„Целта на животот е саморазвивањето. Да се изразиш совршено е твоја личност, тоа е животната задача на секој од нас.“

„Кога еднаш ќе и дојде крајот на љубовта, слабите кукаат, енергичните пронаоѓаат нова љубов, а паметните веќе одамна ја имале за резерва.“

„Се препираат само интелектуалните нули.“

„Нештата кои човек ги смета за верни, не се секогаш вистинити.“

„Простувај им на непријателите, тоа ги нервира најмногу.“

„Песимист е човек кој од две зла ги избира двете.“

„Да сакаш значи да се надминеш самиот себеси.“

Прегледи:
553
Објавено на:
08.12.2021