Категории

На 22. април секоја година го прославуваме Денот на планетата Земја

На 22. април ширум светот се слави Денот на планетата Земја. Но, се поставува прашањето дали е доволно еден ден да и се посвети на нашата планета? Човечкиот вид со својот егоизам и себичност ја доведе нашата зелено-сина оаза до работ на пропастот со фрлање ѓубре, отпадоци и неодговорно и себично жиивеење. Дали мораше да се случи пандемија која нѐ затвори дома за да сфатиме колку лесно природата се регенерира кога ние луѓето немаме можност да ја уништуваме?

Овој празник има за цел да ја зголеми одговорноста на луѓето за загрозувањето на животната околина.

„Нека бидат само мирни и весели Деновите на Земјата во иднина за нашиот убав вселенски број Земја кој продолжува да се врти и кружи во студената вселена со неговиот топол и кршлив товар на ведриот живот.“

– Секретар на Обединетите нации У Тант, 21. март 1971