Категории

Се одржа Meet.pick.donate – концепт за поинаков шопинг, дружба и добри дела

На 22. септември се одржа настан кој ги соединува шопингот, дружењето и добрите дела за нашите најмали.

Ирина Стефановска која е заслужна за одржувањето на овој настан, е воедно и креаторот на оваа благородна идеја, вели дека сѐ започнало поради преголемиот број облека која низ годините се натрупувала во нивниот стан:

„Како се родија Хана и Мила, толку многу облеки добивавме за нив од секоја страна на светот, што во стан од 80м2 за да собере сѐ, беше потребно да се вика столар и да доправа плакари, а да не правам муабет за она што се случуваше во скришното складиште под кревет, ризница на спомени и богатства од 0м-4години.
Но, тоа не беше пречка за уште купување и уште трупање, а децата растат и растат и се менуваат секоја минута од денот, па така додека да трепнеш фустанчето е тесно, ракавите се кратки, а панталоните станале ненамерно 3/4… и пак влегувам во Сити Мол и место да излезам со парче за себе, повторно си одам дома со ново ќесе за децата и така си се вртам во еден магичен круг.
Барем еднаш во денот размислувам на темата трупање со облеки за децата. Потоа помислувам на деца кои немаат никаква облека… и цел ентузијазам и среќа кој го нуди шопингот ми се преточува во неубаво чувство и грижа на совест.
Од тука мислата ми се претвори во идеја која сега ја нарекувам meet.pick.donate – концепт за поинаков шопинг“.
Настанот е конципиран како pop-up shop кој би се организирал сезонски. Облеките на секој продавач ќе бидатбеа концептуално изложени на прекрасните стилски отворени закачалки на kids_hut_mk.
На настанот присуствуваа голем број родители со своите деца кои подаруваа и купуваа облеки, претворајќи го концептот во една прекрасна дружба.
Се надеваме дека во иднина овој настан ќе прерасне во традиција каде што секој ќе може да му обезбеди на своето дете сѐ што му е потребно.
Прегледи:
506
Објавено на:
24.09.2021