Драги наши,
Со задоволство ве информираме дека покрај претставата во Скопје, претставата ,,Марлена” на Сараевскиот народен театар, на лично барање на една од најголемите југословенски глумици, Мирјана Карановиќ, премиерно ќе гостува и во Битола, на 3 март во ,,Дом на култура!“
Во режија на Харис Пашовиќ, еден од највлијателните драматурзи и режисери во Југоисточна Европа, претставата „Marlene Dietrich – Pet tačaka optužnice“ ја имаше својата меѓународна премиера на италијанскиот фестивал ,,Mittelfest”, а на 3 март ќе одржи ексклузивна премиера во Битола, во ,,Дом на култура”.
Влезниците ќе бидат во продажба од петок (23 февруари) во 09 часот наутро онлајн на ticketx.mk, во продажната мрежа на ticketx низ Македонија и билетарницата на ,,Дом на култура”, по цена од:
600,
700 и
900 денари.
Ваша,
Авалон Продукција