Категории

На големо задоволство на женската популација, Европската недела на спортот со два нови настани!

Европската недела на спортот насловена како #BeActive секојдневно продолжува со физичките и спортските активности, носејќи позитивна енергија кај сите возрасти.

За таа цел, секој вторник со почеток во 10:30 часот да вежбаме сите заедно со Надица Јовановиќ од TAKT – Together Advancing Common Trust, организација која се грижи за поголема и еднаква вклученост на жените во спортот.

Покрај овој настан кој ќе ја зголеми физичката активност на жените од сите возрасти, во склоп на Европската недела на спортот се организира уште еден голем настан на задоволство на сите жени кои го сакаат спортот и физичката активност.

Имено, на 18. септември со почеток во 18:30 Јасна Лековска од Trinity ќе одржи бесплатен час по пилатес. Доколку сакате да научите правилно да вежбате, да го поправите држењето на телото, да ја зацврстите мускулатурата, да го подобрите расположението и спиењето, да го забрзате метаболизамот, да одржувате убава линија, да сте полни со самодоверба и уште многу други бенефити кои ги носи вежбањето со сигурност ќе сакате да присуствувате на овој спортски настан.

Приклучете се и вие кон сите активности на Европската недела на спортот (23-30 септември) кои ќе придонесат за развој на спортот во смисла на активно вклучување на граѓаните, индивидуално и институционално унапредување и промовирање на стилови за водење грижа на здрав живот на секој поединец. Воведувањето на овој проект во Република Македонија на локално ниво ќе овозможи квалитетни активности кои создаваат вредност и одржливи резултати кои ќе ја продолжат#BeActive пораката во земјата.

Прегледи:
456
Објавено на:
03.09.2018