Категории

На кое место во домот треба да ја поставите новогодишната елка за да ви донесе пари во 2018

Фенг шуи не само што помага во уредувањето на домот и придонесува на благосостојба, туку ни нуди и совети како новогодишната и божиќна декорација да ја уредиме така да ни создава позитивна енергија во домот.

Каде да ја поставите елката?

Зимзеленото дрво симболизира долговечност и пријателство. Според Фенг Шуи практикантите, триаглестиот облик се смета за симбол на оган, а најдобро место за овој симбол е во горниот лев агол од вашиот дом.

Овој простор се смета за „површина на богатството“, а предметите составени од дрво се особено силни.

Поставувањето на новогодишната елка на ова место, ќе привлече богатство и просперитет во вашиот дом.

Исто така, добро место за новогодишната елка се генерално сите агли или централниот дел од куќата, каде ќе се стабилизира енергијата во текот на овие празнични сезони.

Во случај да сте ја поставиле елката на север, украсете ја со стаклени декорации од сина, бела, сребрена и златна боја.

Елката на запад или северозапад би требала да биде во бели, сребрени, златни или жолти тонови, а никако во црвени.

Во случај елката да се наоѓа на југозападен или североисточен дел од домот, поволни се декорации во жолти и црвени тонови и многу керамички украси, додека белата и сребрена боја не се препорачува.

За да придонесеме до квалитетна поврзаност со семејството, пожелно е секој член да стави барем еден украс на елката, со оглед што со самиот тој чин, ја поставува и својата лична енергија.

Прегледи:
961
Објавено на:
12.12.2017