Категории

На кој начин ги одбивате луѓето околу себе? Брутално искрен хороскоп!

Како што постојат особини и постапки кои делуваат магнетно привлечни во очите на другиот, исто така постојат и карактеристики и делан кои го предизвикуваат спротивниот ефект. Што вели астрологијата на оваа тема? Прочитајте подолу!

Овен

кажувате работи пред добро да размислите. Последицата на таквото однесување е многу повредени луѓе во вашата околина. Иако тоа не го правите намерно, вашата искреност сепак честопати е многу брутална.

Бик

Цврсто се држите до своето мислење и не се откажувате од него по никоја цена. Дури и кога ви докажуваат дека не сте во право вам не ви паѓа на памет да попуштите со вашите тврдокорни ставови.

Близнаци

За волја на вистината, сакате да озборувате и прераскажувате трачеви кои вам ви се раскажани во четири очи. Поради тоа луѓето лесно губат доверба во вас, бидејќи мислат дека тоа ќе го направите и со нивните тајни.

Рак

Важите за личност која луѓето лесно можат да ја повредат или навредат. Луѓето околу вас имаат чувство дека е доволен само еден погрешен збор за подоцна да се соочат со бурна реакција од ваша страна.

Лав

За вас е важно секогаш да сте во центарот на вниманието. И честопати делувате премногу напорно за туѓите уши и очи. Незадоволни сте кога додека говорите не ве слушаат сите во просторијата, што на другите за многу брзо време почнува да им оди на живци.

Девица

Ситничарите до таа мера што размислувате за непотребни детали, па честопати пропуштате многу поважни работи. На нив воопшто не обрнувате внимание – а треба.

Вага

Поради некоја причина кај луѓето оставате впечаток дека глумите, односно дека не сте ни приближно такви како што се претставувате пред светот. А со лажни личности дружењето навистина е тешко.

Шкорпија

Вие сте големо злопамтило. Кога човек еднаш ќе се замери со вас, не сакате да го оставите на мира. Додека повеќето знаци се смируваат, вие извлекувате стари проблеми кога ви одговара и повторно ги вадите на маса.

Стрелец

Знаете дека на светот постојат и други луѓе, но вам ви се чини дека тие се помалку важни од вас. Не ве интересира она што го имаат да го кажат бдејќи верувате дека вие секогаш имате на ум нешто подобро.

Јарец

Честопати имате песимистички поглед на светот и проблем за секое решение. Со тек на време ова почнува многу да им пречи на луѓето во вашето опкружување.

Водолија

Намерно им пркосите на другите, само за да видат колку сте посебни. Дури и кога се сложувате со некого, вие имате навика да заземете спротивен став, сакајќи вашето мислење да остави посилен впечаток.

Риби

Со бујна фантазија и склоност кон мечтаење вие во реалноста не сте ни малку добар соговорник. Умеете да одлетате со мислите сред реченица, па тогаш станува очигледно дека воопшто не го ни слушате разговорот.