Луѓето постари од 70, 80 и 90 години ги интервјуирале за да дадат одговор на прашањето за што најмногу жалат до крајот на животот. Овие 4 нешта остануваат непроменети долги години.
На прво место: жалење што поголемиот дел од животот е потрошен на работа која не ја сакале.
На второ место: што посветиле толку малку време на саканите личности.
На трето место: жалење што не воделе сметка повеќе за своето тело – правилна исхрана, што не вежбале и не воделе сметка за здравјето.
На четврто место: што не го прошетале светот.
Никој не зажалил што немал подобар авотмобил, поголема куќа, повеќе пари. Никој не зажалил што не поминал повеќе време во кафана или во ноќните клубови.
Сите зажалиле само поради едно нешто: што немале храброст да живеат онака како што сакале.