Многу жени поголемиот дел од својот живот го минуваат обидувајќи се да избегнат бременост, така што многу парадоксално звуќи фактот што просечна, здрава жена од 30 години има само 20 отсто шанси да забремени во саканиот период, покажува едно истражување.
Жената е најполдна во своите 20-ти години, а нејзината плодност се намалува во триесетите, а посебно по 35-та година.
Секој месец во кој се обидува да остане трудна, здрава жена во 30-те години има 20 отсто шанси да забремени.
Тоа значи дека од 100 здрави, плодни жени кои се обидуваат да забременат во еден циклус, тоа ќе им успее само на една петтина. Останатите 80 жени ќе мора да го почекаат следниот циклус.