Категории

На полноќ започнува годината на свињата според кинеската астрологија. Што означува таа?

Пред нас е кинеската нова година во знакот на земјената свиња, што најчесто се поврзува со напредокот, прогресот, среќата и добрите шанси. Новата кинеска година почнува на 5 февруари 2019 година и завршува на 24 јануари 2020 година. За таа цел најдобриот кинески ресторан кај нас Ѕвезден Океан, вечерва организира дочек на новата кинеска година.


Годината на земјената свиња особено ќе им одговара на оние што се родени во 1923, 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995 и 2007 година.

Свињата е дванаесеттиот од сите животни во зодијакот. Според еден мит, царот наредил дека редот ќе се создаде според редоследот на животните кои пристигнувале на неговата забава. Свињата задоцнила бидејќи се успала. Друга приказна вели дека волкот ја уништил нејзината куќа. Таа морала да го обнови својот дом пред да тргне на забавата. Кога пристигнала, бидејќи била последна морала да го заземе последното, дванаесетто место. Во кинеската култура свињите се симбол на богатството. Нивните големи глави и уши се знак на среќа.

Свињите се прекрасни личности и благословени се со богат живот

Свињите можеби нема да се издвојат во толпата. Но, тие се многу реални. Другите се силни само на зборови. Свињите дејствуваат спротивно од тоа. Иако не трошат премногу, тие ќе си дозволат да уживаат во животот. Тие сакаат забава и повремено да се почестат себеси. Материјалисти се до некоја граница, но тоа за нив е мотивација да работат напорно.

Тие се енергични и големи ентузијасти, дури и кога имаат здодевни работни места. Доколку им се даде шанса тие ќе заземат добра позиција која носи моќ и статус.

Мажите родени во годната на свињата се оптимисти и нежни. Тие се многу фокусирани. Откако ќе одлучат за една цел, тие ќе ја вложата целата енергија во неа. Тие не раководат најдобро со финансиите. Иако се реални, тие исто така се и лековерни. Лесно им веруваат на другите и често се измамени. Ова може да ги натера да го изгубат богатство. Овие луѓе се исто така тивки. Тие сакаат да учат, но навистина не знаат како да го состават своето знаење во зборови. Секогаш кога тие наидуваат на тешкотии, постојат луѓе на кои може да сметаат. 

Жените родени во годината на свињата се полни со возбуда. Секогаш кога се во можност, одат на друштвени настани и се однесуваат учтиво кон сите. Тие лесно стекнуваат доверба кај луѓето. Исто така, имаат среќа со богатство. Дома, тие се многу организирани. Ако собата е неуредна, тие ќе останат цела ноќ за да ја чистат. Овие жени ги сакаат и децата. Играњето со деца е една од работите која им носи најголема радост.