Категории

На што НЕ треба да го фокусирате вашиот стартап?

Фокусирањето на погрешни работи може да му влијае многу негативно на вашиот стартап.

Важно е да знаете што ви е приоритет, а на кои работи треба да им посветувате помалку внимание.

Еве на кои работи НЕ треба да го ставате фокусот:

  • Перфекционизам

Иако е важно да создадете квалитетен породукт или услуга, стремежот кон апсолутно совршенство може да доведе до разни одложувања и прераспределба на ресурсите.

  • Копирање на конкурентите

Важно е да бидете свесни кои и какви ви се конкурентите, но копирањето на секој нивен чекор на вашиот стартап ќе му донесе само недостаток за уникатност. Наместо тоа, фокусирајте се на она што ве прави различни од другите.

  • Игнорирање на повратните информации од клиентите

Оваа грешка може многу да ве чини. Обрнете внимание на коментарите за да вашиот продукт или услуга ги доведете на повисоко ниво.

  • Неприлагодување на промените

Бидете во тек со новите информации и трендови и прилагодувајте се според истите.

 

 

Прегледи:
208
Објавено на:
30.10.2023