Категории

На својата танчарка и приреди запросување од соништата

Настапувајќи во Сан Луис во текот на својата турнеја, Бијонсе ненадејно го прекина својот хит “Single Ladies” и на сцената го повика Џон Силвер. Станува збор за дечкото на нејзината танчарка, Ешли, која немаше идеја што и подготвиле.

На некои нема да им се допаднат такви идеи, на други можеби идејата ќе им биде фантастична, но за Ешли Еверет, последната во низа настапи на Бијонсе дефинитивно ќе остане во сеќавање.

“Таа е мојата кралица” – кажа Силвер на микрофонот пред воодушевената публика, а потоа клекна на колена и ја побара Ешли за жени.

Секако, видеото веднаш се најде на “YouTube”, а на Бијонсе од сите страни на светот и пристигнуваат комплименти за доброто организирано запросување.

Прегледи:
557
Објавено на:
13.09.2016