Категории

На задоволство на гледачите „Сподели проблем со Милена“ е новиот проект со водителката Милена Антовска Станковска

Водителката Милена Антовска Станковска со години навикнавме да ја гледаме наутро во утринската програма на Канал 5. По мала пауза, таа се враќа пред малите екрани, меѓутоа овој пат со нов проект.

Наскоро започнува емисијата „Сподели проблем со Милена“ каде што граѓаните ќе можат да се јавуваат и да ги кажат своите реални проблеми од секојдневието.


„Целта на овој проект е заеднички да дојдеме до што повеќе решенија на проблемите на граѓаните. Кога постои одреден проблем, за него треба да се зборува за да стигне до соодветните институции кои се задолжени за негово решавање. Покрај телефонските јавувања, со гледачите ќе комуницираме и преку социјалните мрежи“, вели Милена.

Овој проект кој се фокусира кон граѓаните, ќе ги опфаќа сите теми во општеството кои не се поврзани со политика, а ќе се емитува во живо секој работен ден од 15:35 часот.