Скопје 19. март, 2017 година – Над 600 деца од Македонија ќе учествуваат на натпреварот организиран од „Бреинобреин Еуропе“ – детска академија за развивање на менталните квалитети и капацитети кај децата, кој по 5ти пат ќе се одржи на факултетот „ФОН“, а напреварувачкиот дел и свечениот дел во спортската сала „Јане Сандански“, Аеродром, Скопје.
Бреинобреин Еуропе Македонија е Мастер франшизер за програмата која потекнува од Индија и има повеќе од 1100 центри во светот кои ги посетуваат над милион деца. Покрај центрите во Скопје, на истата програма се едуцираат и деца во Охрид, Битола, Струмица, Прилеп, Кочани, Велес, Крива Паланка, Куманово, Гостивар и Тетово со повеќе од 1000 деца вклучени во процесот на едукација преку „Бреинобреин“ програмата која е систематизирана и унифицирана, а се базира на Абакус менталната аритметика и НЛП (наука за процесот на мислењето).
Секоја година традиционално на ниво на Македонија се одржува натпревар за деца на возраст од 4 до 14 години, каде што најуспешните се наградувани со шампионски пехари, златни и сребрени медали.
Фокусот на програмата е насочен кон целосниот ментален и личен развој кај детето преку која се здобива со животни вештини и способности кои ќе ги користи во животот на секое академско поле.
Бреинобреин натпреварите секоја година се збогатени со присуството на реномирани научници и видни личности кои се инспирација и пример за вистинска вредност која децата треба да ја следат и во личниот пример.
Ве очекуваме на бреинобреин фест 2017.
АГЕНДА ЗА НАТПРЕАВАРОТ