Категории

Надокнадете ги изгубените течности: Докторите укажуваат на опасност од дехидратација во зима!

На ниските температури се намалува протокот на крвта, а организмот се обидува да се ослободи од водата. Додека е ладно, поретко чувствуваме жед, што е особено опасно кај постарите кај кои тоа чувство и природно е послабо.

 

Состојбата ја влошува и тоа што телото природно почнува да губи течност, па до 85. година вкупната количина се намалува и до 10%. Затоа е потребно да се внесува поголема количина на течности. Најмалку се препорачува дневно да се внесуваат по осум чаши.

Водата треба да се пие и кога не сме жедни

Не е доволно да пиете вода само тогаш кога ќе почувствувате жед бидејќи тоа значи дека сте дехидрирани. Постарите луѓе дневно треба да испијат 6-8 чаши, возрасните здрави луѓе од 8-10 чаши, а летно време и по 12 чаши. Природната лимонада или вода во која отстојале свежи краставици, лимон или портокал е добра алтернатива на негазираната вода.

Прегледи:
425
Објавено на:
23.01.2019