Категории

Надреален феномен во Калифорнија – Морето и плажата блескаат во неонски светла

Необичен феномен поради кој морето и плажата блескаат со неонска светлина е забележан на бреговите на Калифорнија, во близина на Лос Анџелес.

Тоа го создаваат посебен вид алги кои живеат во вода, а биле предизвикани од водена струја на брегот, пишуваат светските медиуми.

Овие алги нормално ја претвораат водата во црвено-кафеава боја и предизвикуваат непријатен мирис на брегот, но на некои места доведуваат и до феномен на неонско светло. Ова се случува кога се формира ензим наречен луциферин поради хемиска реакција, која дава неонска светлина во водата.