Категории

Награди за најлошо облечените на Евровизија

Победничка оваа година е претставничката на Хрватска, Нина Крајиќ која освои 770 од вкупно 2.221 глас. Изборот се вика “Barbara Dex Award”, а наградата ја доделуваат фановите и публиката. Објаснувањето е дека Нина имала преголем фустан кој не бил во сооднос со песната.

Гласањето за наградата “Barbara Dex” започнува веднаш по завршувањето на Евровизија на евовизискиот веб портал “House of Eurovision”. Публиката почнува да гласа еден ден после финалната вечер, а во конкуренција се двете полуфинални вечери, како и финалето.

На второ место е германската претставничка Џејми-Ли која на себе имаше син фустан со многу светки и додатоци, пругасти чорапи и чудна креација на главата. Таа освои 355 гласови.

Третото место и припадна на Швајцарија и нивната претставничка Рикаи, која беше боса на бината. На себе имаше комбинезон и проѕирна сукња од светкаво платно со боја на нејзината коса. Овој стајлинг и донесе 201 глас.

Поли Генова, претставничката на Бугарија, го завзеде четвртото место. На себе имаше многу чудна креација која се состоеше од фустан, наметка и диоди кои светкаа за време на настапот.

Претставниците на БиХ се најдоа на петтото место. Она што корисниците на социјалните мрежи им го замерија најмногу се наметките во златна боја.

Во 2017 година организатор на доделувањето на “Barbara Dex” наградите ќе биде белгиската страница “songfestival.be”.

Изборот за налошо облечени претставници на Евровизија се одржува од 1997 година, а наградата е наречена по белгиската претставничка на Евровизија од 1993 година.

Прегледи:
307
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
23.05.2016