Категории

Најбизарниот лек во историјата – Еве како старите Римјани лечеле многу болести

Старите Римјани покрај тоа што се познати како легендарни воини, низ историјата се прочуени за народ кој поседувал исклучително бизарен начин на живот. Тие сметале дека конзумирањето на разни одвратни напитоци ќе ги направи здрави и цврсти..

Старите Римјани пиеле крв од убиените гладијатори затоа што верувале дека овој ритуал ја пренесува нивната храброст и виталност на оние кој ја пијат.
Помеѓу I и VI век од новата ера, неколку писталени опишале постапка на собирање крв после борбата но и продавање за медицински цели. Некои Римјани сметале дека крвта и црниот дроб биле лек за епилепсија.

Историчарите денес сметаат дека потеклото на овој екстремно бизарен обичај треба да се бара во етрурските погребни ритуали. Иако нивниот обичај избледел во текот на римската република, некои обреди се задржале низ вековите и после истребувањето на овој народ.

Оваа пракса иако била забранета, се задржала се до модерните времиња, а случаи кога откако била испиена крвта на војникот, пациентот заболен од епилепсија почнувал да заздравува. Надрите лекари го продавале овој „лек“ по доста високи цени.