Категории

Најдобар извор на енергија: Смоквите го подобруваат помнењето, одлични се за цревата, а еве кој не смее да ги јаде

Треба да се јадат свежи, бидејќи се богати со ензими и антиоксиданси како и хранливи материи кои се губат при термичка обработка.

Смоквите содржат и до 80% вода, а истовремено се овошје со најголемо ниво на природен шеќер, па поради тоа се исклучителен извор на енергија, а го поттикнуваат и работењето на мозокот, ја подобруваат концентрацијата и помнењето.

Смоквите за многугумина се омиленото летно овошје. Освен што се вкусни, можат да се користат и за лечење од убод од инсект, а отсекогаш се сметаат за одличен афродизијак.

Ова се 10 интересни факти за смоквите:

Постојат повеќе од 150 видови на смокви и се разликуваат според бојата.

Тие се права ризница на минерали и витамини.

Треба да се јадат свежи, бидејќи се богати со ензими и антиоксиданси како и хранлви материи кои се губат со термичка обработка.

Смоквата има антитуморен ефект, докажале научниците, па така го успорува развојот на одредени клетки на ракот.

Белиот млечен сок се користи за отстранување на брадавици.

Луѓето кои боледуваат од зголемено ниво на калциум во крвта треба да ги избегнуваат.

Поради лаксативното дејство не се препорачува на луѓето кои патат од цревни болести.

Сувите смокви можат да се чуваат и до 6 месеци.

Смоквите можат да се користат и како моќно средство за чистење на лицето – со нивните ситни семки можете да направите пилинг, а активните ензими ќе ги отстранат мртвите келии.

Богати се со бета – каротен и се препорачува да се јадат смокви неколку денови пред да се сончате.