Категории

Најдобрите луѓе најмногу патат: Добрината вреди многу, но и чини многу!

Во училиштето наречено живот секој ден е испит, а секое искуство нова лекција. И како и на училиште, така и во животот – не е сѐ подеднакво лесно или тешко за сите. Некому подобро му оди математика, а некој и со дигитрон се бори да ја совлада. Некој е талентиран за јазици, додека друг одвај го познава и мајчиниот. Секој игра со картите кои му се доделени. Генетика, материјални статус, потекло и многу други фактори го одредуваат нашиот пат.

Тоа се само околности. Тие фрлаат камења на нашиот животен пат, или ги отстрануваат препреките. Врз нив не можеме да влијаеме. Меѓутоа, она што го правиме во таквите околности од нашите животи во потполност ги прикажува нашите одлуки и моќ дали ќе избереме да ја играме улогата на жртва или борец.

Воопшто не е случајно што најдобрите луѓе кои ги познаваме се всушност оние кои претрпеле многу порази и губитоци, го запознале патењето и сепак пронашле пат од сето тоа. Тие личности преку својата болка стекнале сочувство за туѓата мака, научиле да разбираат и да ја ценат борбата на другите луѓе, стекнале моќ за емпатија, нежност, развиле грижливост и љубов за другите. Убавината на нивната личност не е нешто што им било дадено од раѓање. Тие го стекнале поминувајќи низ пекол.

Добрите луѓе не се родиле добри. Тие самите себеси се направиле такви – бирајќи да не бидат жртви, да не се предадат.

Добрите луѓе внесуваат светлина во нашиот живот затоа што успеале да го пронајдат патот од темнината. Животот не ги мазел. Родени се во мрачни времиња и живееле под тешки услови, но секогаш наоѓале начин да го осветлат своето мрачно секојдневие извлекувајќи го она најдоброто од себе и околностите. Тие не се луѓе родени под среќна ѕвезда. Тие својата среќа морале самите да ја создадат, додека животот на секој агол им подметнувал нога.

Затоа се тие благи и нежни кон другите. Знаат да упатат убав збор кон оној на кого му е најпотребен и да пружат поддршка и охрабрување. Тие знаат како изгледа да бидеш повреден и понижен. Затоа не дозволуваат никој кој им е близок така да се чувствува. Тие тоа не го посакуваат ни на најлошиот непријател. Тие преживеале бура и сега им помагаат на другите да не потонат.

Во животната трка најчесто секој се гледа само самиот себеси. Но, оние кои го познаваат лицето на болката водат сметка за своите блиски, за своите сопатници и оние кои можеби бијат слична битка. Од нив ќе слушнете охрабрувачки зборови. Тие ќе ви пружат рака, кога ќе ве дели малку од целта, а силата ќе ви биде при крај.