Категории

Најдобрите начини за чистење на меморијата од мобилните телефони

Паметните телефони немаат доволно простор, па затоа интерната меморија речиси на секој телефон многу брзо се полни, а известувањата за недостаток на меморија се знак дека треба да се направи „генерално чистење“.

Овие  корисни совети ќе ви помогнат многу едноставно да ослободите простор на телефонот или таблетот и да обезбедите доволно простор за складирање  на нови податоци.

1.    Избришете ги апликациите и игрите кои не ги користите

Еден од нејлесните начини со кој ќе ослободите неколку мегабајти простор е да ги отстраните апликациите и игрите кои не ви требаат повеќе или веќе не ги користите. Во подесувањето на вашиот уред можете да проверите кои апликации ви зафаќаат најмогу простор, па врз база на тие податоци одлучете кои треба да се елиминираат.

2.    Префрлете ги фотографиите или видео-записите на друго место

Ако подолго време користите еден ист телефон, тогаш навистина се големи шансите дека голем број фотографии и видео-записи ви зафаќаат голем простор па затоа најдобро би било да ги префрлите на компјутерот и да ги избришете непотребните. Втора опција е да направите резервна копија на „cloud“, па кога евентуално би ви притребале, ќе можете без проблем да им пристапите.

3.    Користете „cloud“

Ако генерално вашата телефонска меморија е пренатрупана со фотографии и музика, тогаш едноставно префрлете ги на „cloud“. Google Photos е бесплатна апликација која работи на сите оперативни системи и нуди бесконечен простор за фотографии и видео-записи до 16 MPx и 1080p видео-записи.

4.    Исчистете ја „кеш“ меморијата

Ако порано телефонот ви работел „како луд“ а сега ви е поприлично бавен, ако вчитувањето на мрежни станици ви се чини како вечност а префрлувањето на апликациите како на чекање на градски превоз, најверојатно е време за чистење на кеш меморијата или во полош случај, за итен состанок со сервис службата.

Кеш меморијата (англиски: cache memory) е брза прирачна меморија за привремено сместување на инструкции и податоци кои му требаат на процесорот да ја разреши несогласноста меѓу брзината на процесорот и работната меморија. Таа иста меморија понекогаш може да прави проблеми, па за забрзување и подобрување на работата на уредот повремено треба да се прочистува.

5.    Користете  MicroSD картичка

Користењето на оваа картичка како дополнителна меморија за архивирање не е трајно решение, но секако дека помага во случај на помал капацитет на интерна меморија. Кога оваа картичка се поврзува со телефонот, сите фотографии и видео-записи можат директно да се чуваат на СИМ картичката, а останатите датотеки да се складираат токму на MicroSD со цел да се остави доволно простор за други датотеки.

6.    Повремено ресетертирајте го телефонот

Не постои ни совет ни трик кој може да го ослободи просторот на телефонот и да го врати во состојба каква што бил при фабричката „подесеност“. Но, не заборавајте дека со ресетирање на уредот се бришат апсолутно сите податоци кои ги имате на истиот, од СМС пораки до сите апликации, вкидео-записи и музика.

извор:факултети.мк

Прегледи:
400
Објавено на:
18.04.2017